Почетна Убавина и здравје Има некоја друга! 4 фрази кои ги кажува маж кој изгубил чувства за вас и има некоја друга!

Има некоја друга! 4 фрази кои ги кажува маж кој изгубил чувства за вас и има некоја друга!

од nenad
1 минути читај за

Дали има некоја друга? Зошто се промени? Дали тој сè уште ме сака? Ваквите мисли се провлекуваат низ главата на жената која чувствува дека нешто не е во ред со нејзиниот партнер.

Зошто заборави на вечерата? Зошто постојано гледа во телефонот и доцни? Се разбира, интуицијата ретко ја мами жената, особено кога ги слуша овие фрази од партнерот.

Денеска ќе доцнам, имам итен состанок

Почнува да доаѓа дома многу подоцна од вообичаено. Потоа, често има итни состаноци, па многу работа, некој добил отказ па морал да остане… Кога ќе поставите едноставно прашање како му поминал денот, го добивате тривијалниот одговор „се е во ред“, а по вечерата тој молчи, зјапа во компјутерот.

Нема да можам да го поминам викендот со тебе 

Поврзани објави

Ако не живеете заедно, но секогаш сте ги поминувале викендите заедно, шетајќи и гледајќи филмови, ова звучи како аларм. Порано се радувал на викендите. Дури и кога имал работа, ве земал со себе, само за да биде со вас, а сега…

Платив за тренинг во теретана, сакам да изгледам убаво

Порано не се грижел што јаде, но сега се е поинаку. Готви пилешки гради, вежба и постојано се гледа во огледало. Очигледно е дека вашиот маж се обидува да изгледа подобро. Прашањето е – за кого?

Многу сум уморен од работа, не денес!

До неодамна тој секогаш сакаше интимни моменти со вас, а сега сексот е се помалку во вашиот живот. Наместо убави зборови – одеднаш добивате „уморен сум, не денес“.

Да, женската интуиција е исклучително точна, но пред да одлучите да раскинете со саканата личност – проверете дали сте во право.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING