Почетна Убавина и здравје Има ли крај овој пат? – Убавина и здравје

Има ли крај овој пат? – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Дали човекот навистина може да се пронајде себе?

Едно од прашањата од детството на кое сите се сеќаваме е прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“. И веројатно секој од нас го променил одговорот барем неколку пати досега. Со секој почеток на училишната година, избирање средно училиште, запишување факултет, па и барање соодветна професија, ова прашање го менувало својот облик и одговор.

Многу би било лесно кога некој би го одговорил ова прашање за нас и би ни ја открил суштината на нашето постоење. Но зарем патувањето би било интересно доколку сами не ги искусиме сите пречки и искушенија кои би поттикнале размислување и истражување, можеби и промена на плановите?

Постојат личности кои ја имале среќата да го откријат она што ги исполнува и максимално да го искористат својот потенцијал фокусирајќи се на тоа нешто целиот живот. Дали е тоа среќа, решителност и посветеност или можеби немање храброст да ги тестираат своите можности давајќи му шанса на нешто ново? Дали човекот навистина може да се пронајде себе или тоа е патување кое никогаш не завршува?

Време е јас да го одговорам прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“. Еве, пораснав. И искрено уште го немам точниот одговор на ова прашање. Посакував да бидам спортист и се обидов со неколку дисциплини. Повеќе не спортувам. Ме интересираа филмови, па се обидов со таа индустрија. Не ме исполнуваше. Ме привлекуваше дизајн и запишав студии по дизајн. Тука застанав.

Ми се допаѓа овој избор и моментално работам на усовршување. Но тоа не ме спречува паралелно да ги истражувам другите интереси.Можеби во овој процес ќе пронајдам нов афинитет што толку ќе ме воодушеви и ќе го заземе местото на приоритет. Можеби ќе се пренасочам и почнам нов правец во својата кариера. Понекогаш се плашам. До кога јас ќе талкам наоколу барајќи се себе? Дали некогаш ќе заврши процесот на себеградење и растење. Дали можеби е проблемот во мене и не знам да бидам константна во една работа?

Но потоа се прашувам „Што е навистина важно во животот?“ И секогаш се враќам на истиот заклучок. Доколку нешто ме прави среќна во моментот, значи дека не грешам, а најважно е да сме среќни, нели? Дури и некогаш да се промени тоа, искуството и спомените остануваат. Ако погледнеме назад, ќе се сетиме дека во тој даден момент сме се чувствувале исполнето. Но ништо не трае вечно, па дури ни нашите интереси.


Поврзани објави

Доколку мислите дека сте го постигнале максимумот, не застанувајте и не плашете се да ги поместите границите. Дајте им шанса на новите активности, запознавајте луѓе и нови карактери. Светот е непресушен извор на лекции кои може да произлезат од средба, хоби, работа, правење добри дела, соочување со неправди и скршени срца.

Светот се движи толку брзо што ги менува и нашите перспективи. Напредува, а со тоа напредуваме и ние. Секој ден е нова можност животот целосно да ни се промени. Само, научете да ги искористувате шансите. Зграпчете ја секоја шанса.

Затоа, можеби убавината не е во тоа да застанете и да се задржите во комфорт-зоната, туку во тоа да најдете мир и удобност во процесот на промена и на самите вас во кој било даден момент и состојба од животот.

Доколку научите да ги спознаете вашите емоции, нивното потекло и нивните последици и најдете убавина и причина во сѐ што се случува, полесно ќе прифатите дека ништо не е вечно и поентузијастично ќе гледате на она што допрва доаѓа.

Што мислите вие? Дали сте целосно сигурни во вашите избори и мисија или уште сте во потрага по нив?

Фото: Freepik.com

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING