Почетна Убавина и здравје Изразот на лицето кажува сè – Убавина и здравје

Изразот на лицето кажува сè – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Холивудскиот актер Бен Афлек конечно сосема се исели од замокот „од соништата“ во кој живееше со пејачката Џенифер Лопез, соопштуваат американските таблоиди.

Инсајдер близок до ѕвездите изјавил за списанието Пипл дека Бен Афлек ги собрал сите негови работи и ги однел во изнајмената куќа каде што сега живее, додека Џенифер Лопез била на одмор во Италија.

 

Поврзани објави

Бен продолжува да живее во Брентвуд. Таму е веќе околу два месеци. Веројатно е добро. Секој ден е во својата канцеларија и се чини дека е фокусиран на својата работа. Тој, исто така, поминува време со своите деца“, рече друг извор.

Во мај се појавија гласини дека Џенифер Лопез и Бен Афлек имаат сериозни проблеми во бракот. Беше објавено дека актерот се иселил од нивната куќа и се преселил во изнајмена куќа во близина на неговата поранешна сопруга, Џенифер Гарнер со која има деца.

Џенифер Лопез минатата недела отиде на одмор. Пејачката беше забележана во друштво на пријатели во Италија. Во тој период, Бен Афлек останал со своите деца во Лос Анџелес. Но дел од времето го искористил и да се исели од заедничкиот дом со Лопез.

 

 

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING