Почетна Економија Израел повторно напаѓа цели на Хезболах во Бејрут

Израел повторно напаѓа цели на Хезболах во Бејрут

од nenad
2 минути читај за

20/10/2024
ВЕСТИ, СВЕТ


– Израелската армија (ИДФ) утрово изврши два воздушни напада врз јужните предградија на главниот град на Либан, Бејрут.

Претходно, ИДФ ги предупреди жителите да се евакуираат поради претстојните воени операции на локации каде се наоѓаат објекти на Хезболах.

Непријателски авиони утрово извршија два напада врз јужните предградија на главниот град, погодувајќи станбена зграда во Харет Хреик, лоцирана во близина на џамија и болница, објави либанската Национална новинска агенција (ННА).

 ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING