Почетна Македонија Израел доби покана од ЕУ – ќе разговараат за офанзивата во Газа

Израел доби покана од ЕУ – ќе разговараат за офанзивата во Газа

од nenad
1 минути читај за




Европската Унија бара средба со израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац, согласно договорот меѓу двете страни што ги поврзува правата со трговските врски. Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел кој ја соопшти оваа вест, претходно рече дека сака да го притисне Израел за катастрофалната ситуација во Газа, неговото почитување на човековите права и пресудата на највисокиот суд на ОН за запирање на офанзивата во Рафа.

Сега е до Израел за да ја прифати поканата, јавија бриселски медиуми. Официјални претставници на ЕУ признаваат дека владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху најверојатно ќе одолговлекува каков било одговор додека продолжува да ја води својата војна во Газа, пренесува МИА. Шпанија и Ирска кои минатата недела ја признаа палестинската држава ја повикаа ЕУ да го разгледа договорот за асоцијација за трговија поради израелската офанзива во Газа.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING