Почетна Македонија Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско, нема жртви и повредени

Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско, нема жртви и повредени

од nenad
1 минути читај за




Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека избил пожар во Домот за стари лица во Банско. Во пожарот нема повредени.
Половина час пред полноќ синоќа, пожарот избил на еден од катовите во Домот за стари лица во струмичкото село Банско. Седум пожарникари и две противпожарни возила учествувале во гаснењето, кое се случило во еден часот по полноќ. Прво се евакуирани лица од катот каде што бил пожарот, потоа од долните катови. По целосното гаснење на пожарот, евакуираните лица се вратени во собите. Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING