Почетна Убавина и здравје Зошто ни е потребен калиум? Која храна го содржи најмногу? – Убавина и здравје

Зошто ни е потребен калиум? Која храна го содржи најмногу? – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Калиумот има важна улога во телесните процеси, како што се функциите на нервите и мускулите и одржувањето на рамнотежата на течностите.

Ако страдате од висок крвен притисок или ако имате проблеми со срцето, внесувањето на калиум е многу важно. Постојат докази дека калиумот го намалува крвниот притисок и го намалува ризикот од појава на аритмија.

Присуството на доволно калиум во телото го намалува количеството калциум што се губи преку урината, ги заштитува коските од остеопороза и го намалува ризикот од појава на камен во бубрегот.

СИМПТОМИ ПРИ НЕДОСТИГ НА КАЛИУМ

Иако недостатокот не е сврзан директно со ниту една болест, сепак примањето на доволно калиум е особено важно за целосното здравје и правилно функционирање на телото, особено за срцето.

Недостатокот на калиум се нарекува хипокалемија и настапува кога нивото на калиум во телото е под нормалното. Некои од симптомите кои се појавуваат при недостаток на калиум се:


Поврзани објави

  • Малаксаност;
  • Замор;
  • Грчеви во мускулите;
  • Запек;
  • Абнормален ритам на срцето (аритмија).

ПРЕПОРАЧАНИ ДНЕВНИ ПОТРЕБИ НА КАЛИУМ

Препорачаните дневни потреби на калиум варираат во зависност од возраста на лицето.

  • Новороденчиња (0-6 месеци) – 400mg
  • Бебиња (6-12 месеци) – 700mg
  • Деца (1-3 години) – 3 000mg
  • Деца (4-8 години) – 3 800mg
  • Деца (9-13 години) – 4 500mg
  • Тинејџери (14-18 години) – 4 500mg
  • Возрасни (19 години и нагоре) – 4 700mg

ХРАНА БОГАТА СО КАЛИУМ

Правилната балансирана исхрана треба да ви донесе и доволно калиум, па затоа недостатокот на калиум кај луѓето кои практикуваат балансирана диета е мошне ретка појава.

Најмногу калиум има во сокот од портокал, компирите, бананите, авокадото, доматите, брокулите, дињата, кајсиите, јагодите, спанаќот и млекото. Но, исто така калиум има и во зелката, модриот патлиџан, смоквите, сливите, печурките, бадемите, кикириките, краставицата, туната, сардините и повеќето видови месо и риба.

 

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING