Зошто во петок и среда постат православните верници?
Објавено на 09/17/2024
“Од постот исклучи ги најнапред болните, оти ако им се допушта риба и масло, го заслужиле тоа”.
Но никому, ДУРИ и на смртниот час не му се допушта да јаде месо во среда и во петок, освен на Велигден и во другите денови кога тоа го дозволила Црквата.
…
Во поглед на постењето во среда и петок, покрај она што е кажано во 66-тото апостолско правило, на ова место го изнесуваме и она што го кажал блажениот Петар Александриски во своето 15-то правило:
“Никој да не не обвинува што ги држиме среда и петок, денови во коишто ни е заповедано да постиме;
во СРЕДА поради заговорот што го направил Јуда за предавството на Господа,
а во ПЕТОК поради тоа што Он за нас пострада.
Неделата ја поминуваме како ден на радост зашто во тој ден Христос воскреснал”.
Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички