Почетна Убавина и здравје Знаци кои откриваат дека тој не е затрескан во вас! – Убавина и здравје

Знаци кои откриваат дека тој не е затрескан во вас! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

За да не бидете изненадени кога еден ден тој ќе стави крај на врската, еве кои сигнали ќе ви потскажат дека не е затрескан во вас:

Не прави планови однапред

Ако сте заедно кратко време (2-3 седмици), не очекувајте веднаш да започне да крои планови каде ќе ја поминете Нова Година. Но, ако никогаш не ви зборува за плановите за наредната седмица, тогаш нешто не е во ред. Да речеме дека вие сакате да одите заедно на концерт кој ќе се одржи по 2 седмици и сакате да купите карти предвреме. А тој, се „вади“ од таквата ситуација со изговори од типот „ќе има карти и тогаш“, „не сум сигурен дали ќе можам да дојдам“ и сл.

Заборава важни дати

Помина вашата 6-месечнина, вашата годишнина и вашиот роденден, а тој заборава дека треба да направи нешто специјално или дури и не се сетил на важните дати. Не можете да го оправдате со тоа дека „сите забораваат“. Да се случи еднаш е грешка, двапати – повод за расправија, но ако се случува редовно, време е да помислите колку сте важни во неговиот живот.

Се гледате само кај него дома

Поврзани објави

Заедно сте веќе 6 месеци и ниту еднаш не сте излегле заедно во кафуле или ресторан, а плус тоа никогаш не сте ги запознале неговите пријатели, т.е. вашата врска е далеку од сечии очи. Тоа е сигурен знак дека партнерот сака поради некаква причина да ја чува вашата врска во тајност. Во таков случај треба да ви биде јасно дека тој не ве сфаќа сериозно и дека не планира да продолжи долго време со вас.

Ве откачува во последната минута

Ако често ви се случува да ви се јави пет минути пред да излезете, да ви откаже и потоа да излезе со неговите пријатели, тогаш лесно е да увидите дека не сте на прво место во неговиот живот. Доколку често доцни, иако знае дека сте договорени да одите на кино или имате резервирано во точно определен час, тоа исто така треба да ви потскаже дека не се грижи многу за времето кое ќе го поминете заедно.

Не ви се јавува да провери како сте

А потоа, кога вие ќе го побарате, се оправдува со изговори „бев зафатен“, „немав мрежа“ и сл. Ако не се грижи за вашето здравје, тогаш не размислува за вашата врска на долгорочен план.

Едно дело вреди повеќе од илјада зборови.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING