Почетна Економија Земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтер почувствуван во близина на брегот на рускиот полуостров Камчатка

Земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтер почувствуван во близина на брегот на рускиот полуостров Камчатка

од nenad
1 минути читај за

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала е почувствуван синоќа во близина на источниот брег на рускиот полуостров Камчатка, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот бил на длабочина од 51 километар, додаваат од сеизмолошкиот центар. Американскиот национален центар за предупредување од цунами соопшти дека постои опасност од цунами од земјотресот.

Според руските медиуми, жителите на областа ги напуштиле своите домови поради потресите. Како последица на земјотресот, во многу домови паднал мебел и се скршиле садови. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING