Ноември. Сè уште топол и светол, па и прилично зелен, барем до затворањето на овој број. Не се жалиме, благодарни сме за топлиот почеток на есента. Сепак, ова е претпоследното издание на магазинот во оваа година, па ние почнавме со сумирањето на сè она на што нè научи 2024.
Токму за своите лекции зборува и нашата девојка од насловната, Сара Јо, која е среде најдинамичниот период во нејзиниот живот, но и таа не се жали (стр.23). Сепак, колку и да уживаме во својата професија, често се неопходни големи жртви за да се избориме или опстанеме на толку посакуваната позиција. Тогаш можеби е време за подолга пауза, која би гарантирала да се вратиме онаму каде што сме застанале? Можно е, откријте го концептот „сабатикал“ (стр. 72).
И токму околу таквите животни дилеми и одлуки ја ткаеме нашата „Профемина 2024“. Веќе знаете, станува збор за нашата годишна непосредна средба со вас – регионалната конференција за жени на нашиот магазин (стр 67). Врвни експерти, познати личности и секако вие, нашата драга публика, ќе дебатираме за предизвиците на модерната жена. Ќе извлечеме нови лекции и заклучоци, но од сите досегашни изданија еден заклучок е дефинитивен – силата на жените е во нивното заедништво и поддршка една на друга.
Значи, здруЖЕНИ сме најдобри! Деталите за програмата ќе ги објавиме наскоро на нашиот портал и социјални мрежи, а вие обезбедете си го бесплатното присуство преку регистрација на [email protected].
Ве очекуваме на 22 ноември, во кое било време од денот од 10.00-18.00 часот. Инспиративни приказни, едукативни предавања, тестирање новитети и разменување знаења, искуства, но и стравови и дилеми! Плус, толку многу подароци за вас. Едвај чекаме!
Ве сакаме,
Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“.
Во продолжение ви ги претставуваме темите што ве очекуваат во ноемврискиот број!
У&З тренд
11 Хедонистичка лента за трчање
12 Кадифени нокти
14 Светот што го избрав
16 Кујнскиот остров на Ен Хатавеј
18 Фитнес-тренд: Биохакирање
20 Холивудско чистење
21 Микрофеминизам
У&З жени
24 Сара Јовановиќ: „Ова беше година на лекции“
32 Сергеј Ќетковиќ: „Благословен сум меѓу жените“
34 #МОВЕМБЕР
36 Телото како уметничко платно
Поврзани објави
Убавина и стил
44 Грешно задоволство VS кожа
46 Како се шминка зрелата кожа
48 Во фокусот: полиглутаминска киселина
50 Причина за насмевка
56 Што (не) сакам кај себе: Катерина Попева
60 Принтот е задолжителен!
Вити и здрави
63 Дигитален детокс
64 Женско срце
68 Отпорноста на инфекции веќе не ја оставаме на случајноста!
72 Во потрага по живот
76 Крај на љубовта
У&З живот
79 Земјата на огнот и мразот
83 Миленичиња: Тие имаат право да кажат НЕ
84 Брзи и вкусни рецепти
90 Полина Тасева ни одговори на прашањето што ја прави среќна
Колумни
30 Жана Базби: Моќта на мирисот
42 Марија Лукаревска: Јас против ChatGPT
НА НАСЛОВНАТА: Сара Јовановиќ
ФОТО: Милош Надаждин