Денес, постојат толку многу различни естетски третмани за лице и тело, така што веруваме дека често се сомневате кој од нив ќе биде најкорисен за Вас. За да донесете вистинска одлука, прво бидете сигурни што ве загрижува и што сакате да подобрите. Индивидуалните третмани како и кремите за дневна хидратација не се доволни да го стопираат процесот на стареење и да го дадат на кожата здравиот и убав изглед.
Денешниот тренд насочен кон полето на естетската дерматологија нуди современи процедури кои ни овозможуваат на брз и едноставен начин, нехируршки да го вратиме младешкиот, здрав и свеж изглед на кожата. Подобра вест е што еластичноста и свежината на здрава и убава кожа ќе траат цела година и повеќе.
Од неодамна во ласер центарот на Ординација д-р Анчевски во употреба е ставен еден најмоќните дерматолошки ласери кој што ги поместува границите на досегашните можности за примена на ласери во естетската дерматологија, Harmony XL PRO Special Еdition на Alma.
Што е Harmony XL PRO SE? – Едно решение за комплетна нега на Вашата кожа.
Alma Harmony XL Pro е идеално решение за широк спектар на дерматолошки и естетски потреби, со минимално време на опоравок, ефикасен е за било кој дел од телото, а добиените резултати се трајни. Оваа модерна медицинска платформа има неколку модули, т.е. сонди дизајнирани за различни индикации.
Секоја технологија понудена од Harmony XL Pro модулите има докажана безбедност и сигурност, како што е потврдено со обемни клинички студии.
Harmony XL PRO доаѓа со речиси 20 различни ласерски, светлосни и ултразвучни технологии кои можат да третираат над 65 дерматолошки и естетски индикации одобрени од FDA. Овој иновативен ласерски систем има способност да ја контролира длабочината на ласерскиот зрак во зависност од областа која треба да се третира, типот на кожата или индикациите.
Што може да се трeтира со HARMONY XL PRO платформата?
- Подмладување на кожата (затегнување на опуштената кожа, пополнување на брчките и враќање на изгубениот тонус)
- Подобрување на тенот и текстурата на кожата
- Фото-оштетена кожа
- Пигментирани лезии (флеки, мелазма, пеѓи)
- Васкуларни лезии (капилари на лицето и телото, хемангиоми, поикилодермија )
- Лузни и проширени пори
- Активни акни и лузни од акни
- Розацеа
- Габични инфекции на нокти
- Отстранување на тетоважи
- Стрии
- Проблеми со косата
- Разни израстоци на кожата како папиломи, кератози, брадавици итн
Кои регии на телото може да се трeтираат со овој ласер?
Harmony XL PRO може да се користи за третирање на сите делови од телото, сите типови на кожа и речиси сите старосни групи.
Како функционира Alma Harmony XL PRO?
Alma Harmony XL PRO содржи аблативни и неаблативни ласери.
За разлика од аблативните ласери кои создаваат микроканали или слични повреди на површината на кожата, неаблативниот го остава горниот слој на кожата недопрен. Нивната енергија навлегува длабоко во ткивата на кожата за да ја стимулира нејзината регенерација преку стимулирање на колагенот и со тоа води кон подмладување.
Покрај тоа, овие ласерски зраци се насочени кон меланинот како и кон други пигменти, отстранувајќи ги хиперпигментациите и тетоважите или уништувајќи ги бактериите кои предизвикуваат акнe вулгарис, а исто така се користат и во третманот на акни.
Поврзани објави
Неаблативните ласери не бараат време за закрепнување и можат да се работат во текот на целата година. Од друга страна, поинтензивни ефекти и повидливи резултати, особено кога станува збор за подмладување, се постигнуваат со аблативен ласер. Аблативните ласерски третмани се прават од есен до рана пролет, а закрепнувањето по третманот трае околу 5 до 6 дена и вклучува мал оток, црвенило и лyпење на кожата.
Кои модули ги содржи Alma Harmony XL PRO?
Alma Harmony XL PRO содржи неколку модули кои може да се користат одделно или во комбинација за да се постигнат посакуваните резултати. Ова значи дека повеќе не треба да одите на неколку различни третмани за да ги поправите сите несовршености на кожата кои вe мачат.
Благодарение на овој ласер им овозможуваме на пациентите холистичен пристап, комбинација од неколку ласерски светлини со цел да се обезбеди максимален тераписки и естетски ефект!
ClearSkin PRO (Er:glass): Една од најновите, револуционерни технологии која нуди извонредни резултати во третмани за подмладување на кожата, како и безбеден и ефикасен третман на активни акни и лузни од акни. Исто така, со својот термички ефект, влијае на лојните жлезди, уништувајќи ја бактеријата P. acnes и намалувајќи го производството на себум, со што се постигнува себорегулаторен ефект и се намалува појавата на нови акни.
ClearLift PRO (Q-switched Nd:yag): Неаблативен ласер за подмладување на кожата, отстранување на тетоважи, хиперпигментации и мелазма.
iPIXEL (Er YAG 2940): Фракционален аблативен ласер за обновување на кожата, отстранување на брчки, лузни од акни, стрии и кожни лезии.
Dye VL PRO: Отстранување на васкуларни и пигментирани лезии, вклучувајќи црвенило на кожата, розацеа, купероза и црвени воспалени акни.
NIR модул: Напреден ласерски третман кој нуди природно, безболно и неинвазивно подмладување и регенерација на кожата.
Бидете сигурни дека овој третман е темелно проучен и одобрен од FDA (Администрација за храна и лекови на САД) за дерматолошка употреба. Може да се користи по целото тело и на било кој тип на кожа. Покрај тоа, тој е безбеден за сите тонови на кожата, што не е случај со сите ласерски третмани.
Има ли несакани ефекти?
Сите несакани ефекти поврзани со Harmony XL Pro зависат од изборот на третманот и модулот кој ќе го користиме. Кај дел од третманите, по завршувањето кожата може да биде црвена, отечена и да се лупи.
Пред да почнете со било каков третман, ние ќе разговараме со вас во детали за сите можни несакани ефекти и времето за закрепнување. На овој начин, можете однапред да ги планирате вашите активности.
Д-р Васка Радески, специјалист дерматовенеролог, ординација д-р Анчевски
Текст и фото: ПР