Почетна Убавина и здравје Здрава замена за запршка! – Убавина и здравје

Здрава замена за запршка! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



Пржењето брашно на масло е многу нездрава комбинација, но постои соодветно решение за да ја згуснете манџата

Многу јадења, како грашок, крем-супа, чорба и разни сосови, треба малку да се згуснат, па на крајот најчесто им се додава малку брашно помешано со вода. Бидејќи белото брашно дебелее и не е многу здраво, ви откриваме подобар начин да ги згуснете јадењата.

Ставете изгмечен компир.

Постојат подобри начини на згуснување на јадењата, кои се и многу повкусни. На пример, употребете зеленчук што сигурно веќе го имате дома.

Сварете еден компир и испасирајте го во блендер или добро изгмечете го со виљушка, за да нема грутки. Можете да додадете малку вода за да добиете покомпактна смеса.


Поврзани објави

Додајте го во јадењето и добро измешајте. Компирот нема интензивен вкус, па нема значајно да го промени вкусот на јадењето, а поздрав избор е од белото брашно. Можете да користите и пире од некој друг зеленчук, но во тој случај внимавајте да не го промените вкусот на јадењето.

Скроб од компир

Ако имате проблем со глутен, па го одбегнувате, можете да користите скроб од компир за згуснување. Треба да измешате една лажица скроб со две лажици вода за да добиете каша. Сипете ја во јадењето или сосот и непрекинато мешајте додека смесата се згусне.

ФОТО: ERIC ZHU / Unsplash


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING