Почетна Технологија За Лукаревска легитимна е промената на статусот на вработените во УЈП и повисоките плати

За Лукаревска легитимна е промената на статусот на вработените во УЈП и повисоките плати

од nenad
2 минути читај за




Законски е процесот на префрлање на државните службеници во даночни службеници, тврди Сања Лукаревска, поранешната директорка на УЈП, според која одлуката била донесена во согласност со Законот за управата за јавни приходи. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) поднесе иницијатива до Основното јавно обвинителство за кривично гонење против Лукаревска за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

Претходно новата директорка на УЈП, Елена Петрова, рече дека Лукаревска постапила незаконски со тоа што донела одлука со која на 129 вработени во февруари годинава за време на изборен процес им биле раскинати старите договори, а потоа склучиле нови за повисоки плати. Како што рече, Државниот инспекторат за труд констатирал „незаконитости на колективната одлука за прекинување на старите договори“, со што се создал „хаос“ во УЈП, a на вработените им е наредено да ги вратат парите од покачувањето на платите.

„Со тоа што ги префрливме државните во даночни службеници, решивме еден голем проблем. Доколку не го направевме тоа во законскиот рок, тогаш можеа да нè тужат, дури можев и кривично да одговарам како работодавач дека не постапувам согласно Законот за УЈП“, вели Лукаревска.
Процесот на префрлање бил регулиран со одлука донесена на 12 февруари, потпишана од тогашниот министер за информатичко општество и јавна администрација. Одлуката предвидувала новите договори за вработување на службениците да бидат поделени во рок од еден месец. Лукаревска нагласи дека целиот процес бил спроведен со целосна почит кон правата на вработените и дека ниту едно работничко право не било скратено.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING