Почетна Убавина и здравје За здрава кожа, со природен сјај, без брчки или акни! – Убавина и здравје

За здрава кожа, со природен сјај, без брчки или акни! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Секогаш треба да се грижиме за здравјето на нашата кожа, но во летниот период треба да обрнеме посебно внимание. Ви откриваме 3 домашни маски за лице кои ќе ви помогнат да ја негувате вашата кожа, едната е за борба со брчките, другата за природен сјај на лицето а третата е совршена за оние кои имаат проблем со акни.

Маска против стареење

Јајце и алое вера – Маслото алое вера, како едно од најблаготворните за нашата кожа ќе ви помогне да ги спречите брчките за многу кратко време. Помешајте три лажички масло од  алое вера со едно јајце и оставете ја смесата да делува 30 минути. Повторувајте ја постапката двапати неделно.

Поврзани објави

Маска за кожа со природен сјај

Јогурт и лимон – Оваа комбинација на природни состојки ќе го врати сјајот на вашето лице. Измешајте по една лажичка од јогуртот и лимонот и тријте полека 5 минути. Измијте се со ладна вода и повторувајте ја постапката двапати неделно.

Mаска за кожа без акни

Мед и цимет – Циметот е познат по неговото антибактериско дејство. Помешан со малку мед ќе ви помогне да се справите со акните за многу брзо време. Смесата нека отстои 30 минути и потоа измијте се со ладна вода. Повторувајте ја постапката двапати неделно.

 

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING