Почетна Економија За два денара поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95

За два денара поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95

од nenad
1 минути читај за

Од ноќеска на полноќ за два денара ќе поевтини ЕУРОСУПЕР БС-95.

Цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува  80 денари за литар,   додека литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 и натаму ќе се продава по 82 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 73 денари,  Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 72, а Мазут М-1 НС по 43,209 денари за килограм.

Според одлуката на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,48 отсто. дма/лв/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING