Пролетта е расцветана и претстојните мајски празници нудат уште повеќе можност за релаксирање и уживање на отворено. За 1-ви Мај, празнично многумина ќе ја зграпчат шансата да се избега од урбаните гужви, загаден воздух и ќе заминат да се поврзат со природата. Истовремено ова е одлична шанса за дружење со пријателите и семејството. Време е за излет, скара и славење на сончевите денови на отворено.
Велигден овозможува и продолжен одмор, особено со пролетниот распуст на учениците, што дополнително може да ги поттикне семејствата да заминат на патување и истражување и да се искористи максимумот на најубавото годишно време.
Но, заштитата од сонце е круцијална и покрај нежноста на пролетта и навидум благите сончеви зраци. Идеално решение за вакви активни денови и подолг престој на сонце е кремата за сончање на Еуцерин Sun Face Hydro Protect Ultra Light Fluid SPF 50+ која комбинира висока ефикасност и и сетилно задоволство кога се нанесува. Производот пред сѐ е ултра-лесен и брзо се впива. Не остава мрсни дамки ниту на лицето, ниту на облеката. Одличен избор за ќебенцето на излет, лежалката на плажа, пешачката патека за планинарење. Празник за кожата на лицето, без никаква неудобност.
Истовремено, нуди соодветна заштита од UVA и UVB зраците, како и од HEVIS светлината што може да и нанесе голема штета на кожата. Формулацијата на оваа крема вклучува Ликохалкон А, што ги неутрализира слободните радикали како и глициретична киселина што го поддржува сопствениот механиза за поправка на ДНК на кожата.
Овие карактеристики се исклучително важни кога се прави избор како да се заштити кожата на лицето, особено кога се знае дека најважно е додека се забавувате под сонцето кожата да биде хидрирана, заштитена и свежа. Ова е единствениот начин да бидеме комплетно препуштени на моментот и релаксирани.