Почетна Македонија Затвореник пуштен на викенд со фалсификувана бугарска лична карта, сакал да отиде во Грција

Затвореник пуштен на викенд со фалсификувана бугарска лична карта, сакал да отиде во Грција

од nenad
1 минути читај за




Полицијата вчера го уапси 32-годишниот А.Р. од селото Баница, кој на граничниот премин Богородица приложил фалсификувана бугарска лична карта на туѓо име. При извршени дополнителни проверки било утврдено дека А.Р. издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, од каде што бил пуштен на викенд.

– На 08.07.2024 во 23.00 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.(32) од с.Баница, Струмичко, поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана бугарска лична карта на туѓо име – се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, по што бил спроведен во установата.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING