Почетна Технологија Затворена е Зоолошката градина, а вработените се евакуирани поради сомнеж за смртоносна болест кај птиците

Затворена е Зоолошката градина, а вработените се евакуирани поради сомнеж за смртоносна болест кај птиците

од nenad
2 минути читај за




Зоолошката градина од утринава е затворена, а евакуирани биле и вработените, дознава Мета.мк од извори во ЗОО Скопје кои инсистираат на анонимност. Неофицијално, станува збор за бактерија, а не се исклучува ниту вирис кај гуските од кој можат да се заразат и луѓето. Во последниве денови, според нашите информации,  угинале десетина гуски, а ќе се усмртуваат и останатите. В.д. директорот на ЗОО Скопје, Зоран Попов не одговори на нашите повици, а директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов кратко ни изјави дека од рано изутрина е во Зоолошката градина и дека ќе се вршат сите можни испитувања за да се види точно за што станува збор.

„Во моментов не можам да дадам никакви конкретни информации додека немаме резултати од испитувањата“, ни изјави Миланов. Зоолошката градина во Скопје, каде градоначалничката Данела Арсовска во нејзиниот досегашен мандат смени четворица директори, постојано е мета на сериозни критики во јавноста поради големиот број угинати животни и нетранспарентност во работењето во последниве години.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING