Почетна Свет Започната третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Започната третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

од nenad
2 минути читај за

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, заедно со премиерот Мицкоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваа на официјалното одбележување на почетокот на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ.

Директорот Димовски изрази особена поддршка за инвестицијата како значаен придонес кон економскиот раст, отворањето нови работни места и промоцијата на Македонија како конкурентна дестинација за странски директни инвестиции.

Во рамки на оваа фаза, од Охрид ќе се произведува најсофистицирана автомобилска електроника за „Фолксваген“ групацијата, која ќе се дистрибуира на сите нивни производствени локации, како и напредни мехатронски системи за „Мерцедес“. Со новото вложување, вкупната инвестиција на Костал во Македонија ќе надмине 150 милиони евра, а се очекува и значителен извоз во вредност од половина милијарда евра.

„За Фолксваген групацијата, за сите возила од новата програма, сѐ ќе се прави во Охрид и ќе се доставува на сите нивни локации. Вториот проект во овие рамки е производството на напредни мехатронски системи за Мерцедес“, изјави Виктор Мизо, генерален директор на Костал Македонија пред денешното официјално означување на стартот од оваа фаза во нивните активности.

„Она коешто го видов внатре прво ме инспирира како универзитетски професор, како човек којшто предава предмети од полето на мехатрониката, навистина импресивно. Би рекол заедно со најсовремените и најмодерните светски текови се произведува овде кај нас во Охрид. Повеќе од 1150-тина вработени го произведуваат тоа. Импресивни се и плановите за во иднина. Импресивни се и новите инвестиции од 50-тина милиони евра во следниве 4 години, но и планот за извоз поголем од половина милијарда.“ – изјави премиерот Христијан Мицкоски.


Post Views:
18

Извор : vesnik-ilinden.com

Започната третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING