92
Според „Прототема“, дрогата била спакувана во кутии со замрзнати ракчиња. Се споменува и дека „робата“ требало да отпатува понатаму во Хрватска, а потоа во Албанија.Медиумите јавуваат дека се уапсени четири лица, двајца грчки и двајца албански државјани.
Еден од двајцата уапсени Грци бил уапсен и во 2012 година во Костарика поради транспорт на оружје. Потоа беше екстрадиран во САД каде одлежа затворска казна бидејќи против него постоеше потерница за помагање на терористичка организација во Колумбија. Според информациите тој би пренесувал оружје, а за возврат добивал кокаин.