Почетна Економија Западен Брег: Израелските сили се повлекоа од Џенин по 10-дневна опсада

Западен Брег: Израелските сили се повлекоа од Џенин по 10-дневна опсада

од nenad
1 минути читај за

Израелските сили се повлекоа од Џенин и истоимениот бегалски камп во северниот дел на окупираниот Западен Брег по 10-дневна опсада, соопштија палестински медиуми.

Израелските војници ја напуштија територијата на владината и на градската болница во Џенин, каде што беа распоредени од почетокот на воената операција во окупираниот Западен Брег на 28 август.

Изминативе девет дена израелските сили спроведуваа акции низ целиот Западен Брег. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека изведуваат „операција против тероризмот“ во Џенин и Тулкарем.

Во оваа операција загинаа најмалку 39 Палестинци, а уште 130 беа ранети. ссм/фото: архива .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING