Почетна Економија Задолжување од една милијарда евра – дали идната влада ги продолжува политиките на претходниците?

Задолжување од една милијарда евра – дали идната влада ги продолжува политиките на претходниците?

од nenad
3 минути читај за




Задолжување од 1 милијарда евра земени од друга земја со многу поволни услови, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, само еден откако неговата партија убедливо победи на парламентарните избори. Ова е дел од, како што рече, амбициозната економска агенда, која во првите 100 дена предвидува сериозна странска инвестиција во енергетиката и нови две странски компании во слободните зони.

   

– Можам да најавам еден финансиски пакет во соработка влада со влада во вредност од 1 милијарда евра, со исклучително поволни услови. Со добар грејс период со исклучително атрактивна каматна стапка. Со две други странски инвестиции кои што би биле во зоните, но услов е овој директор кој што е таму и претседател на СДСМ во најава да замине, бидејќи се навистина со лошо искуство од него да дојдат да инвестираат во Македонија. – рече Мицкоски.

Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ не е зачуден од најавата за задолжување. Во првите три месеци од годината се потрошени една половина од дефицитот, па на сите им беше јасно дека новата влада ќе мора да се задолжи, вели тој.

Во однос на барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски најави дека прво ќе ги видат перфомансите на буџетот, а потоа во рамките на реалното, ќе ги исполнуваат барањата. Тој најави и новини во даночната сфера. Од друга страна, Јовановиќ вели дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ не гледа ништо ново, туку продолжување на истата економска политика од претходно. Тој смета дека воведување прогресивен данок и земање од богатите за сиромашните е решението за сголемувањето на стандардот на граѓаните. Земањето кредит од друга држава не е лошо, смета Јовановиќ, но само ако целиот процес биде транспарентен, а граѓаните знаат под кои услови е земен и што се бара од земјава за возврат.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING