Почетна Убавина и здравје Животот ја наградил неколку години подоцна! – Убавина и здравје

Животот ја наградил неколку години подоцна! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Кејли Стед е девојката која свршеникот ја оставил пред олтарот, и тоа без објаснување, а еве како изгледа нејзиниот живот денес

Кејли Стед имала 29 години во 2022 година и се подготвувала за венчавката со свршеникот, со кого била во врска повеќе од 4 години.

И додека се дотерувала со девериците во предворјето на црквата, еден пријател ѝ пришол и ѝ кажал дека нејзиниот свршеник побегнал. Младичот едноставно седнал во автомобил и си заминал. Пред тоа го фрлил телефонот, си ги собрал работите и исчезнал без објаснување.

Кејли била шокирана. Не ѝ било јасно како и зошто најубавиот ден во нејзиниот живот се претворил во ноќен кошмар. Сите роднини дошле и се подготвиле за нејзината свадба, а таа немала младоженец.

Се обидела да го контактира, но сфатила дека телефонот му е исклучен.

„Имав избор или да плачам дома сама или да плачам на мојата свадба. Го одбрав второто“, открила оваа храбра девојка која не ја откажала свадбената прослава, туку одлучила да продолжи со венчавката без младоженец.

„Девериците беа околу мене, малку плачевме, малку славевме“, рекла Кејли.


Поврзани објави

По свадбата без младоженец, побегнатиот свршеник се јавил само за да си ја побара својата работна униформа. Ни до ден денес не ѝ објаснил зошто го сторил тоа.

„Немаше знаци на предупредување. Не се ни расправавме. Живеевме заедно 4 години и не чувствував дека нешто не е како што треба. Кога ме остави пред олтарот, одлучив да ја искористам прославата, бидејќи веќе имав платено за неа. Не можев да си ги вратам парите, па јадевме и пиевме.“

Денес, две години по пропаднатата венчавка, Кејли повторно е среќна. Денес има момче, со кого се познава од факултет. Живеат заедно и ја планираат иднината. Иако веќе се има изгорено, Кејли повторно би застанала пред олтар, но овој пат со вистинскиот маж.

ФОТО: Инстаграм @kayleystead2206

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING