Table of Contents
Последниве три години тој е светски првак во јапонска боречка вештина, а оваа година дамите велат дека тој е најдобриот фраер
Тато Григалашвили, грузиски џудист, стана глобална сензација, не само поради своите спортски вештини, туку и поради својот атрактивен изглед. Овој 24-годишен младич е еден од најдобрите џудисти во светот, а неодамна, со својот настап на Олимписките игри во Париз, им го привлече вниманието на многу жени ширум планетава, кои благодарение на него почнаа поинтензивно да го следат овој спорт.
Успешна кариера
Григалашвили во својата релативна кратка кариера веќе има постигнато извонредни резултати. Има освоено четири медали на светски првенства, од кои три се златни. И на европските натпревари исто така брилира, освојувајќи три златни медали.
Неговиот успех на Олимпијадата во Париз, каде што освои сребрен медал, е историски за Грузија, со оглед на тоа што ова е првиот олимписки медал што го има освоено оваа земја во џудо. Неговиот успех инспирира многу млади спортисти во Грузија и ширум светот.
За популарноста на социјалните мрежи
Поврзани објави
Освен што е спортски херој, Тато Григалашвили стана икона и на популарната култура. Неговиот атрактивен изглед предизвика вистинска бура на социјалните мрежи. Многу жени почнаа масовно да објавуваат видеа од неговите натпревари, истакнувајќи ги неговите шарм и харизма. Коментарите од типот „Секој маж треба да изгледа токму како овој грузиски џудист“ не се реткост и се чини дека неговата популарност расте со секој нов ден.
За приватниот живот
Иако е во центарот на вниманието, малку се знае за приватниот живот на Тато Григалашвили. Активно користи Инстаграм, каде што споделува моменти од својот живот со обожавателите. Често објавува семејни фотографии, гордо истакнувајќи ја својата улога на сопруг и татко. Оженет е со прекрасната Тамара, со која има дете. На неговиот профил стои опис што јасно нагласува дека неговото срце е „зафатено“. Факт што разочара многу негови обожавателки.
Тато Григалашвили не само што освојува медали на боречките терени, туку и ги освојува срцата на жените ширум светот. Неговата комбинација на спортски талент, физичка привлечност и скромност придонесе да стане еден од омилените спортисти во денешно време.
Без разлика на тоа што е зафатен, неговиот имиџ претставува инспирација за многумина и неговите успеси сигурно ќе продолжат да ги мотивираат луѓето и да им го зголемуваат интересот за овој спорт.