Table of Contents
Според фенг шуи, одредени ситници што ги чуваме по чантите можат да ни ја уништат среќата и да нѐ осиромашат финансиски
За да тече енергијата на парите и да привлечеме богатство, потребно е да се ослободиме од одредени работи. Според експертите за фенг шуи, постојат некои дреболии што не треба да ги носиме во чантата, бидејќи привлекуваат сиромаштија. Затоа, треба веднаш да го исфрлите од чантата сето тоа што не ви е потребно, бидејќи нема поента секој ден да носите ѓубре со себе (стари хартивчиња, марамчиња, сметки, пакувања од изедени бонбони и чоколатца и слично).
Средете ја чантата така што ќе ги распоредите работите по прегради или несесери, ако немате џебови внатре. Се верува дека редот во чантата ќе ја среди и вашата финансиска ситуација.
Ова се ситниците што спречуваат прилив на пари и богатство…
Изгужвани пари
Никако не треба да чувате расфрлани и изгужвани пари во чантата, туку треба да ги чувате исклучиво во паричник. Според фенг шуи, расфрлените пари во чантата предизвикуваат финансиски хаос во вашиот живот и постојан недостиг на пари.
Стари картички што не ги користите
Поврзани објави
Исфрлете ги старите картички од банка, искористените картички за подароци, членските карти и слично, бидејќи не ви требаат веќе. Ако овие картички се неупотребливи, оштетени или им истекол рокот на траење, се верува дека го блокираат приливот на нови пари.
Стари сметки
Сметките се потсетници на трошоците што можат да ги блокираат новите финансиски приливи. Затоа, веднаш исфрлете ги старите сметки од чантата. Истото важи и за сите непотребни ливчиња, белешки, списоци, карти од кино и слично. Вашата чанта треба да има место за нови можности, а не да биде полна со дреболии од минатото.
Стари амајлии
Многу жени носат амајлии во чантата. Ако тие веќе не се во согласност со вашите цели, фрлете ги. Набавете си нова амајлија која одговара на вашата моментална животна ситуација или едноставно фрлете ги, ако сметате дека веќе не ви носат позитивна енергија.
ФОТО: Nick Noel / Unsplash