Почетна Македонија Жена се обидела да киднапира тригодишно дете во Скопје, добила само писмено предупредување

Жена се обидела да киднапира тригодишно дете во Скопје, добила само писмено предупредување

од nenad
1 минути читај за




Вчера во 14,00 часот во полициската станица Ѓорче Петров, А.Б.(35) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13,50 часот во парк во населбата Ѓорче Петров непознато женско лице на возраст од 45 до 55 години се обидело да ја грабне нејзината тригодишна ќерка. По примената пријава и преземените мерки во 16.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров извршиле службен разговор со лицето М.М.(46).

„За настанот е информиран и надлежен јавен обвинител по чии што насоки лицето М.М. било писмено предупредено“, соопшти МВР.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING