Почетна Убавина и здравје „Жената треба да биде третирана како кралица“ – Убавина и здравје

„Жената треба да биде третирана како кралица“ – Убавина и здравје

од nenad
4 минути читај за

Со познатиот музички артист, диџеј и хуманитарец разговаравме за жените, како и за тоа дали денес постојат џентлмени и дами…

Откако Владимир Блажев и Андреја Ѓорѓиоски – Андреј го формираа дуото ДНК, македонската музичка сцена стана побогата за многубројни хитови и незаборавни рефрени. Нивниот успех е неоспорен, но тие предизвикуваат уште поголем восхит со своите хумани дела, меѓу кои беше и одлуката да ја стават на лицитација статуетката „златна бубамара“ што ја освоија заедно со Врчак за песна на годината. Овој пат за жените разговаравме со Владимир, кој може да се пофали со неколку алијаси : „Панчо“ кога настапува како дел од ДНК, „Диџеј Шорти Пи“ кога е зад диџејскиот пулт и „тато“ кога ја игра својата најважна животна улога – родител на Андреја и Марјан.

Која жена последно те има воодушевено со некоја своја постапка?

Последно се сеќавам дека ме фасцинира гестот на Аријана Гранде во 2017/2018 година. Тогаш на нејзин концерт во Лондон, ако не се лажам, беше извршен терористички акт при што загинаа околу 20 луѓе, за кои Аријана понудила да ги преземе сите трошоци околу погребалните услуги.

Кои женски гласови би ги издвоил како најинспиративни од светската и домашната музичка сцена?

Од светската сцена секогаш сум им се восхитувал на Мараја Кери, Шинед О’Конор и на Ријана како комплетен производ. Од македонската сцена, отсекогаш ми се допаѓал вокалот и стилот на Ерзана, но би ги спомнал и Каролина Гочева, која е сечиј идол, како и Елена Ристеска, која според мене има одлична боја на гласот.

Некои истражувања покажуваат дека жените се значително помалку застапени на диџејската сцена, за разлика од мажите. На што се должи тоа?

Поврзани објави

Најверојатно не се толку заинтересирани, иако сметам дека како жени се во многу поголема предност, дури и да не се толку квалитетни. Во Македонија не гледам некој што би можел сериозно да се занимава со диџејство во скоро време, а глобално има еден куп добри хипхоп-диџејки на чија техника и вештина можат да им позавидат многу мажи.

Велат дека денес веќе не постојат дами и џентлмени. Се согласуваш?

Денес многу работи се изместени и измешани. Целото општество е сменето на глобално ниво. Обете страни тотално ги имаат изгубено вистинските вредности и, искрено, не знам која би била денешната дефиниција за џентлмен и дама. Не знам како да одговорам, а да не бидам погрешно сфатен и од двете страни.

Какви вредности се надеваш дека ќе им пренесеш на твоите синови кога станува збор за машко-женските односи?

Ги учам да бидат реални и искрени. Не ги лажам дека сè е розово, бидејќи не е. Едно нешто што сигурно сакам да ги научам е дека жената секогаш треба да ја почитуваат и да ја третираат како кралица, но првиот момент кога ќе се почувствуваат предадено и, не дај Боже, изневерено, треба да ја остават и никогаш да не ѝ простат по ниедна цена. Не треба да ја мразат и прекоруваат, туку само да си заминат без да се свртат назад.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

Александар Ристовски – Принц за машко-женските односи: „Боли колку сме исти!“

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING