Почетна Македонија ЕУ даде зелено светло за реформската агенда на Македонија

ЕУ даде зелено светло за реформската агенда на Македонија

од nenad
1 минути читај за




Земјите-членки на Европската унија дадоа зелено светло на Реформската агенда на Северна Македонија, која го отвора патот за почеток на предфинансирање за време на унгарското претседателство, беше објавено денеска на официјалната сметка на Унгарија како претседавач со ЕУ на мрежата X.

„Реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија беа одобрени во согласност со новиот Инструмент за реформи и раст, вреден шест милијарди евра“, се наведува во соопштението. Ова, се додава, го отвора патот за почеток на предфинансирање за време на унгарското претседателство.

„Поддршката за интеграцијата на Западен Балкан останува клучен приоритет на унгарското претседателство“, се заклучува во соопштението.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING