Со оваа инвестиција, ЕСМ дава доказ дека е посветена на подобрување на квалитетот на услугите и обезбедување на сигурно греење за сите потрошувачи. АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина денеска започнаа со интензивни активности за поставување на нови цевки за топловодот под мостот Беласица. Оваа инвестиција е од клучно значење за сигурното и непречено снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје во наредните години.
Новите раководства на двете компании се соочија со предизвикот да ги решат долгогодишните проблеми со топловодот, кои се јавија како резултат на неспособноста на претходните менаџерски тимови. Со оваа инвестиција, ЕСМ дава доказ дека е посветена на подобрување на квалитетот на услугите и обезбедување на сигурно греење за сите потрошувачи. – Ова е само почеток на серија мерки кои ќе ја подобрат ефикасноста и сигурноста на нашиот систем за греење.
Со поставувањето на новиот топловод ќе се намали загубата на топлинска енергија и ќе се подобри квалитетот на услугата – изјави Петар Милетиќ, новиот директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија. И покрај овие големи градежни работи, граѓаните нема да почувствуваат прекин во снабдувањето со топлинска енергија. ЕСМ ќе користи алтернативни маршрути за испорака на топлинска енергија додека траат градежните активности.
До целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод „А“, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ – ТО. Со тоа и понатаму целосно ќе бидат задоволени потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури.