Почетна Македонија ЕР ТРАКТОРИТЕ ЌЕ ПОЛЕТААТ КОН ПОЖАРИТЕ Владата одобри да се ангажираат пензионирани пилоти

ЕР ТРАКТОРИТЕ ЌЕ ПОЛЕТААТ КОН ПОЖАРИТЕ Владата одобри да се ангажираат пензионирани пилоти

од nenad
2 минути читај за




Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и Ер тракторите на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка планина), а по потреба и кон кој било друг приоритетен пожар за гаснење, наведува ЦУК. Владата на денешната седница даде согласност Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) да ангажира двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори, соопшти Центарот за управување со кризи.Според ЦУК, утре рано претпладне, пилотите ќе потпишат договор за дело.

   

„Веднаш потоа Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и Ер тракторите на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка планина), а по потреба и кон кој било друг приоритетен пожар за гаснење“, наведува ЦУК.Се уште е активен пожарот на Серта во Неготинско, кој избувна вчера околу 10.30 часот. За вечерва во 22 часот е закажан нов состанок на неготинскиот Штаб за заштита и спасување, формиран синоќа на вонредна седница на Советот на општината.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING