Нина Бадриќ одржа концерт што долго ќе се прераскажува
На 27 октомври, македонските обожаватели на Нина Бадриќ ја преполнија Македонската Филхармонија, по повод нејзиниот концерт во организација на „Евентум“.
Хрватската дива ја воодушеви публиката со својот моќен вокал, со елеганцијата со која зрачеше на сцената и со емоцијата што ја покажа при изведбата на добро познатите хитови.
Присутните пееја заедно со неа на цел глас, па Нина видно трогната од љубовта што ѝ ја покажа македонската публика, изјави:
Поврзани објави
„Скопје треба да се препише на рецепт. Вашата љубов ме лекува, поради неа сум жива.“
Покрај своите стари и нови песни, Нина Бадриќ пееше и хитови од Оливер Драгојевиќ, Масимо Савиќ, а концертот го заврши со нејзина интерпретација на „Не кажувај либе добра ноќ“, што публиката го прими со воодушевување и ја почести со громогласен аплауз и два биса.
Концерт на Нина Бадриќ
Претходно
1 од 11
Следно
ФОТО: ГОРАН ДЕСКОВСКИ