Почетна Економија Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

од nenad
2 минути читај за

Од Владата соопштија дека била избрана најповолна понуда и како што додаваат, во „соодветната постапка е избрана понудата доставена од групата понудувачи ЕВН Македонија“. Сепак, деталите за тоа зошто останатите две компании кои доставија понуди на повикот од декември не биле вклучени во трката, засега остануваат непознати, пишува А1.он.

Најголема конкуренција на ЕВН Хоум претставуваше ЕДС, зад која стои државната грчка компанија ППС, која остварува годишен обрт од над десет милијарди евра. Поради доброто салдо на грчката компанија, се очекувало ЕДС на негативното наддавање да понуди далеку пониска маржа од ЕВН.

Според неофицијални извори, воопшто не постоеле основани правни околности со кои може да се оправда исклучувањето од учество на јавната аукција на ЕДС.

Ваквата владина одлука единствено ќе се одрази на грбот на потрошувачите. Досега ЕВН Хоум ги снабдуваше домаќинствата и малите потрошувачи со струја со профитна маржа од 11,5 отсто. Неофицијално, за наредните пет години оваа профитна маржа ќе изнесува 9,9%, а од друга страна, конкурентите што се пријавиле на огласот биле подготвени да понудат двојно помала маржа.

Според грубите пресметки на експертите, поради недостигот на вистинска конкуренција во натпреварот за универзалниот снабдувач граѓаните во наредниот период ќе плаќаат стотици милиони евра повеќе за сметки за струја.

За целиот текст на А1.он.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING