Почетна Економија ЕК предлага речиси 120 милиони евра за земјоделците во ЕУ, жртви на временските непогоди

ЕК предлага речиси 120 милиони евра за земјоделците во ЕУ, жртви на временските непогоди

од nenad
2 минути читај за




Европската комисија предложи од т.н. земјоделски резерви на ЕУ да се одвојат 119,7 милиони евра како директна поддршка за земјоделците од Бугарија, Германија, Естонија, Италија и Романија, кои беа погодени од исклучително неповолни климатски настани во текот на пролетта и почетокот на летото оваа година.

Според предлогот на ЕК, во знак на солидарност 10,9 милиони евра треба да и се доделат на Бугарија, 46,5 милиони евра на Германија, 3,3 милиони на Естонија, 37,4 милиони на Италија и 21,6 милиони евра на Романија, наменети за обештетување на земјоделците во овие земји кои претрпеа штети во своето производство и приходи како последица на временските непогоди. Овие суми може да се надополнат и со средства од националните буџети во износ до 200 отсто.
Прочитајте повеќе на линкот во био.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING