Почетна Економија Експозитура „Центар“ на НЛБ Банка трансформирана од традиционален во модерен банкарски објект

Експозитура „Центар“ на НЛБ Банка трансформирана од традиционален во модерен банкарски објект

од nenad
1 минути читај за

НЛБ Банка од денеска повторно ги отвора вратите на својата експозитура „Центар“ (Палета) во Скопје која по само неколку неделното, но сепак обемно реновирање е трансформирана од традиционален во модерен банкарски објект, нудејќи зголемена удобност и иновативни услуги.

Станува збор за деловен концепт кој на клиентите ќе им овозможи пристап до ново дигитално искуство, пришто досегашното благајничко работење на експозитурата е заменето со безготовинско работење, а исплата и уплата на готовина, плаќање на режиските трошоци и други банкарски трансакции целосно ќе се сервисираат преку 24/7 часовната зона во која се наоѓаат три банкомати за исплата и уплата на готовина.

Експозитурата „Центар“ е со површина од 230 м2, а во нејзе се сместени интерактивни зони за консултација со банкарски експерти за финансиско советување, кредитирање и лично банкарство.

Ова реновирање е дел од пошироката стратегија за модернизација на продажната мрежа на Банката, водена од забрзаната технологија и сè поголемата побарувачка на дигитални решенија од страна на клиентите чии приоритети стануваат самостојно, симплифицирано, брзо, лесно, а сепак безбедно банкарско работење.

Воедно, концептот на модернизација на мрежата на експозитури на Банката ја следи групациската стратегија за одржливо финансиско работење, која во еден сегмент подразбира и автоматизација на процесите и намалување на употребата на хартија или целосно безхартиено банкарско работење онаму каде што е тоа возможно.

Експозитурата го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеденик до петок.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING