Почетна Економија Експерти на ОН соопштија дека во Харков паднал севернокорејски проектил

Експерти на ОН соопштија дека во Харков паднал севернокорејски проектил

од nenad
1 минути читај за

– Остатоци од проектил што паднале во украинскиот град Харков на почетокот на јануари се од севернокорејската балистичка ракета од серијата Хвасонг-11, соопштија набљудувачите на Обединетите нации во извештајот доставен до Комитетот на Советот за безбедност.

Во извештајот од 32 страници, набљудувачите на санкциите на ОН заклучуваат дека „делови од проектилот што падна во Харков, Украина, на 2 јануари 2024 година потекнуваат од ракетата од серијата Хвасонг-11 на Северна Кореја“ и претставува кршење на севернокорејското ембарго за оружје.

Демократска Народна Република Кореја (НДРК) е под санкции на ОН поради нејзините балистички ракети и нуклеарни програми од 2006 година, а тие мерки беа зајакнати со текот на годините.

јт/Фото: ЕПА архива  .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING