Почетна Македонија ЕДИ РАМА НАПРАВИ СКАНДАЛ ВО АТИНА Дојде во „приватна посета“ и одржа митинг на диво со своите следбеници во центарот на Атина

ЕДИ РАМА НАПРАВИ СКАНДАЛ ВО АТИНА Дојде во „приватна посета“ и одржа митинг на диво со своите следбеници во центарот на Атина

од nenad
3 минути читај за




На митингот албанскиот премиер изјави дека „Албанците во Атина станаа гордост на Албанија во овој дел од Европа“. Албанскиот премиер Еди Рама вчера во Грција без согласност на грчките власти одржа митинг за своите приврзаници во арената „Галачи“ во Атина, а потоа на својот „Фејсбук“ профил и објви видео од настанот. Информација од настанот објави и објави грчкиот весник Екатимерини. Овој настан, кој предизвика нови тензии во грчко-албанските односи, Рама го окарактеризира како приватна посета.

   

– Грција е демократска земја. Ова не можеше да го спречи лидерот да оствари приватна посета и да разговара со своите сонародници. Тоа прашање можеби привлече повеќе внимание отколку што требаше, но не е вистинскиот момент пред европските избори – рече Рама.

На митингот тој изјави дека „Албанците во Атина станаа гордост на Албанија во овој дел од Европа“. – Вие сте најголемиот, најсилниот, најубавиот доказ за оваа поврзаност со милиони нераскинливи нишки на два народа. Ниту еден ваш проблем не се разликува од кој било проблем на граѓаните на Албанија. Во ниту еден случај албанската држава на етничките Грци не им го ускрати правото на вера, јазик или сопственост. Ним никогаш не им беше ускратено правото на глас поради нивното потекло – изјави тој.

Инаку, Рама пред неколку дена на својот профил на „Фејсбук“ ја најави посетата на 12 мај, при што напиша дека „ги поканува оние што се во Атина да присуствуваат на средбата што ја очекува“.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING