Почетна Економија Европски фронт нема да гласа за новата Влада, пратениците ја напуштија седницата

Европски фронт нема да гласа за новата Влада, пратениците ја напуштија седницата

од nenad
2 минути читај за

Европскиот фронт вечерва ја напушти собраниската седница на која се дебатира за изборот на нова влада.

Блерим Беџети, координаторот на пратеничката група рече дека нема да гласаат за новата влада бидејќи таа „нема легитимност од етничките заедници“.  -Ние не сме дел од овој циркус.

Ве информираме дека нема да учествуваме на гласање бидејќи немаме право од мнозинството Албанци и другите етникуми да легитимираме една влада која што нема легитимност од етничките заедници.

Оневозможувате но не може устата да му ја затворите на мнозинството Албанци кои што гласаа друг член и господине мандатар тие ќе зборуваат. Мене ми е јасно дека вие сте нашле добри измеќари.

Од вашата активност во Велес вие кажавте дека сте ги вратиле 2/3 од позициите и да се Албанци тие се граѓани на оваа држава, но премиерот треба да владее и да биде премиер за сите граѓани и за сите етникуми.

Од дебатите што ги имавме овде, од мешањето на Албин Курти, овде го имаме Стоиљковиќ давајќи поддшка за Влен и ќе биде министер за односите меѓу заедниците, истакна Беџети.

На мандатарот му рече дека прави влада со тие што изгубиле и оти создава етнички спор во Северна Македонија.

– Не слушнавме ниту еден збор за Отворен Балкан, за законите што треба да се менуваат, а се дел од тој проект, рече Беџети.

   Халил Снопче од Вреди реплицираше дека кога нема што да кажеш, правиш драма и си одиш. – Побараа пауза од еден час во 20 часот, и кога нема што да зборуваш излегуваш од салата, рече Снопче.

 Собранието ја продолжи седницата по еден час пауза на барање на Беџети. Новата влада, предводена од Христијан Мицкоски, треба да биде избрана најдоцна на полноќ. ев/дма/ФОТО: МИА  .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING