Македонската машка одбојкарска репрезентација се подготвува за настапот во Европската златна лига 2024 каде за противници ќе ги има Естонија, Чешка, Азербејџан, Хрватска и Шпанија.
Пред новите репрезентативни обврски своите очекувања ги сподели репрезентативецот Ѓорѓи Ѓорѓиев:
– Убаво е чувството кога сте во репрезентацијата, среќен сум што ги гледам момците и што играм со нив, и сè е во најдобар ред. Нашата цел е пласман на Европското првенство, што би било четврто по ред за нас, целиот фокус ќе биде на квалификациите во август. Европската златна лига ќе ни биде голем тест, имаме краток период на подготовки, подмладени сме, што е убаво за оваа репрезентација. Тест да видиме до каде сме, и што можеме да подобриме за овие европски квалификации. Ќе уживаме во одбојката, се надевам дека ќе имаме и добри резултати – рече Ѓорѓиев.
Извор : Kurir.mk
Ѓорѓиев: Европската златна лига ќе ни биде голем тест пред квалификациите