Саша Поповиќ поради здравствената состојба на почетокот на оваа сезона на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ нема да биде во своето столче, но веќе е најдена негова замена.
Имено, на негово место ќе биде водителот на Воја Недељковиќ, кој десет години е водител на Ѕвездите на Гранд, а сега првпат се најде и во улога на модератор.
Бидејќи Поповиќ е на боледување, Воја се најде на негово место и истакна дека работата е многу тешка.
Тешко, искрено тешко. Голема одговорност имам. Знам дека Саша закрепнува и очекуваме да се врати и сакаме да се врати што поскоро, бидејќи навистина е жешко столче. Работам со години, но секогаш некоја друга работа, не оваа што ја работи тој. Дури кога ќе седнеш во тоа столче сфаќаш што се’ треба да држиш под контрола, и пејачите и жирито, особено сега што не го гледаат натпреварувачот, туку само го слушаат… Не смееш да им сугерираш, па затоа е многу тешко, но можам да замислам колку е тешко кога ќе дојде дуел меѓу менторите. Кога секој има по свој кандидат. Некои двајца седат со Саша, а тие шестмина седат таму и даваат оценки. Па, тогаш навистина е израелско-палестинскиот конфликт“, вели Воја.
Поврзани објави
Воја додаде дека за емисиите не се подготвува бидејќи станува збор за „жива работа“.
Фото: Инстаграм Принтскрин @sasapopovicofficial