Почетна Убавина и здравје Еве што треба да јадете на плажа, без да се прашувате како изгледате во бикини! – Убавина и здравје

Еве што треба да јадете на плажа, без да се прашувате како изгледате во бикини! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Денот на плажа треба да содржи релаксација, чувство на спокојство и многу забава, но сето тоа може да го расипе подуеноста од која страдаат многу жени во летните месеци.

Доколку сакате да се чувствувате сигурни во новото бикини и да уживате во денот без да се чувствувате тешко, ви предлагаме да избегнувате газирани пијалоци, слатки и алкохол во деновите на подуеност и да носите здрава храна на плажа која ќе ви помогне да го надминете овој проблем.

Вкусна храна против подуеност која ќе ви го врати стомачето во првобитната состојба

Авокадо

Авокадото е многу хранливо, содржи одлична количина на витамини Ц и К, калиум, лутеин и витамин Е. Во случај на подуеност ќе ви помогне калиумот од авокадото, суштински минерал вклучен во регулирањето на балансот на течности и нивото на натриум, за да се спречи задржување на водата, како и влакна кои го движат дигестивниот тракт.

Свежа краставица

Свежите краставици содржат околу 95% вода – неверојатно, нели? Краставицата ви помага при хидратација и спречува подуеност што може да се појави кога не внесуваме доволно течности во телото.

Поврзани објави

Јогурт

Ако често патите од подуеност, пијте јогурт. Полн е со пробиотици, корисни бактерии кои играат клучна улога за здравјето на цревата и ги елиминираат симптомите како подуеност.

Бобинки

Бобинките како што се јагодите, боровинките и капините содржат антиоксиданси, витамини и минерали, како и растителни влакна, поради што цревата работат добро, а стомакот останува рамен.

Лубеница

Лубениците се нискокалорични, полни со вода, антиоксиданси и влакна – вистинска песна за вашите црева, но и за вашата коса, кожа и нокти.

Банана

Бананите се вкусни и хранливи, а исто така се богати со калиум, хранлива материја која поддржува здрава рамнотежа на течности.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING