По смртта, телото на човекот почнува полека да се распаѓа, но еве што опстанува вечно
Телото се состои од повеќе од 200 коски, неколку трилиони микроби и дури 37 трилиони клетки. Кога човек ќе почине, односно само неколку минути по смртта, една од првите работи што пропаѓаат е мозокот.
Кога срцето ќе престане да чука, тоа го сопира протокот на крвта, која би требало да пренесува кислород до органите и ткивата. Па така, без крвта, најактивните органи и ткива кои се хранат од кислород, пропаѓаат први. Без кислородот што ги одржува во живот, клетките се самоуништуваат.
Во цревата започнува уште полош процес. Имунолошкиот систем веќе не може да ги задржи трилионите гладни микроби, кои инаку помагаат при варењето на храната што ја јадеме.
Прво, тие патуваат од долните црева низ ткивата, вените и артериите. Во рок од неколку часа пристигнуваат до црниот дроб и жолчното кесе, кои содржат жолто-зелена жолчка, наменета за разградба на масти додека човекот е жив. Но откако микробите ќе почнат да ги јадат тие органи, жолчката почнува да го преплавува телото, боејќи го во жолто-зелена боја.
Околу вториот до четвртиот ден, микробите се насекаде. И тие произведуваат токсични гасови, како амонијак и водород-сулфид, кои се прошируваат и предизвикуваат телото не само да се дуе, туку и да мириса лошо.
Поврзани објави
По три или четири месеца, жолто-зелениот тен станува кафено-црн, бидејќи крвните садови се влошуваат до таа мера што железото се излива во нив, станувајќи кафено-црно додека оксидира.
Исто така, отприлика тој период, молекуларните структури што ги држат клетките заедно се одвојуваат, така што ткивата колабираат во воденеста каша.
Но по една деценија, влажното опкружување со ниска содржина на кислород покренува хемиска реакција што ги претвора масните наслаги на бутовите и задникот во супстанција налик сапун, која се нарекува гробен восок.
Од друга страна, сувите услови доведуваат до мумификација. Во текот на целиот процес на разложување, водата испарува преку тенката кожа на ушите, носот и капаците, предизвикувајќи ги да се исушат и поцрнат или мумифицираат.
За 50 години, ткивата ќе исчезнат, оставајќи ги зад себе мумифицираната кожа и тетиви. На крајот, и тие ќе се распаднат, а по 80 години, коските ќе испукаат, додека мекиот колаген во нив пропаѓа и не остава ништо освен кршлива минерална рамка.
За еден век, последните коски ќе се претворат во прав и ќе остане само најиздржливиот дел од телото – забите.