Ивана Легин, малото црвенокосо девојче кое го освои Балканот кога со Здравко Чолиќ ја пееше култната песна „Caja šukarije“, ненадејно исчезна од јавната сцена.
Пред да стане препознатливото лице на оваа песна, Ивана ја видовме во познатиот филм „Kuduz“ на Адемир Кеновиќ. Сепак, нејзината кариера беше прекината од војната, по што Ивана се повлече од јавниот живот и никогаш не се врати во центарот на вниманието.
Денес, три децении подоцна, Ивана Легин живее во Австралија, каде што се посвети на сосема поинаков живот. Иако има одиграно неколку аматерски улоги, вистината е дека режијата, продукцијата и маркетингот го освоија нејзиното срце. Иако еднаш изјави дека „кога ќе порасне ќе се омажи за Здравко Чолиќ“, Ивана повеќе не се појави во медиумите и со тоа остана голема енигма за сите љубители на овој култен хит.
Девојката одлично се забавувала додека снимала со Чола.
Се сеќавам дека снимав во студио со Здравко каде го задевав дека е девојче затоа што има толку долга коса – изјави еднаш таа.
Поврзани објави
Еве како изгледа Ивана сега:
Фото: printscreen/Facebook/Ivana Legin и printskrin Youtube/Zdravko Colic
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: