Почетна Убавина и здравје Еве за која сума станува збор! – Убавина и здравје

Еве за која сума станува збор! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Откако минатата недела српскиот актер Сергеј Трифуновиќ повика полиција и ја обвини сопругата Исидора Мијановиќ за насилство, таа беше приведена и осудена на парична казна.

Исидора е осудена според Законот за странци на парична казна за нелегален престој во Србија, па ја платила казната. Инаку, Исидора е државјанка на Хрватска.

Исидора е осудена на парична казна во износ од 20.000 динари која веднаш ја платила. Не верувам дека ќе ја напушти државата, нивниот однос е таков, денес се добри, утре не се. Сепак, се сакаат – изјавил извор за српски „Телеграф“.

Инаку, според Законот 27 за странци за непријавување на живеалиште предвидена е казна од 10.000 – 50.000 динари.


Поврзани објави

Како што се наведува, актерот на секој начин се обидува да го реши проблемот со сопругата, а исто така нема мир од повиците на пријателите, јавуваат српските медиуми.

Неговите соседи за „Блиц“ откриле дека Сергеј постојано го гледале заедно со Исидора и дека ништо на навестувало дека ќе дојде до тоа тој да ја пријави во полиција.

Ми изгледаа како хармоничен пар, постојано беа заедно, го шетаа неговото куче. Што се случило, само тие знаат – раскажал неговиот сосед, додека друг сосед среде ноќ го видел актерот на тераса.

Го видов Сергеј на тераса, шеташе, таму помина половина ноќ. Тој излегува надвор само рано наутро и доцна навечер кога нема никој… И нему не му е сеедно, сигурно се покајал што ја пријавил. Најлошо е кога човек ќе направи нешто набрзина, а сега нема враќање назад. Ќе видиме што ќе биде понатаму – изјавила сосетката за „Блиц“.

Да потсетиме, Сергеј пред неколку дена сподели фотомонтажа со ликот на Исидора на која ја гледаме како му удира шлаканици.

 

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING