Почетна Убавина и здравје Дури 80 отсто од жените ги прават овие кардинални грешки во односите со мажите и затоа немаат среќа во љубовта!

Дури 80 отсто од жените ги прават овие кардинални грешки во односите со мажите и затоа немаат среќа во љубовта!

од nenad
2 минути читај за

Психологот Ирина Молвинскаја открила кои грешки ги прават жените во врските

Љубовните врски се комплицирани меѓучовечки односи кои изискуваат внимание и разбирање, а многу жени прават две грешки во односите со мажите. Според психологот Ирина Молвинскаја, првата грешка е тоа што жената почнува да ја презема улогата на мајка во врската.

„Оваа појава се манифестира со претерана грижа и контрола, што не е добро за партнерските односи. Жената не треба да му биде мајка на својот партнер, бидејќи така се обидува да го контролира секој аспект од неговиот живот, се грижи за него како за дете и ги решава неговите проблеми“, објаснила таа.

Таа истакнала и дека таквото однесување доведува до дисбаланс во врската, па партнерот може да се почувствува зависно и детинесто, а како резултат на тоа, може да го изгуби интересот и почитта кон жената.

„Причините за ваквото однесување може да бидат вкоренети во семејните односи и стереотипи, каде што жените уште од детството учат дека нивната главна улога е да се грижат и да штитат. Меѓутоа, во односите меѓу возрасните ваквиот пристап не само што не е ефикасен, туку е и штетен. Партнерството подразбира еднаквост, заемна почит и поддршка, а не родителска грижа и контрола. Жените треба да научат да му веруваат на партнерот и да му дозволат да покаже независност и одговорност“, додала Молвинскаја.

Поврзани објави

Како втора грешка, ја потенцирала несигурноста во сопствените желби и цели.

„Ако жената не може јасно да ги изрази своите желби и цели, тоа предизвикува тензија и недоразбирања, како и отуѓување од партнерот. Освен тоа, на партнерот му е тешко да ги задоволи потребите што самата жена не ги искажува и исполнува“, објаснила Ирина.

Таа ги советувала жените да работат на себе и да станат посамоуверени. Исто така, нагласила колку е важна отворената и искрена комуникација со партнерот, како и споделувањето на своите мисли и чувства.

Не треба вака да се однесувате: Најголемите грешки што ги прават жените на почетокот на врската!

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING