Почетна Технологија ДУИ: „Промената“ ги отстрани Албанците и од раководството на Фондот за здравство

ДУИ: „Промената“ ги отстрани Албанците и од раководството на Фондот за здравство

од nenad
1 минути читај за

Оттаму порачуваат дека „Оваа одлука е директна последица на влада со моноетнички легитимитет, каде што нелегетимни лица избрани од своите патрони ги претставуваат само своите лични и клановски интереси а никако интересите на Албанците. Таква влада, која не го рефлектира различноста и легитимитетот на нашите народи, следи опасен пат кој ги поткопува основните принципи на еднаквост и правда во нашата држава“.

   

„Овој чин е во целосна спротивност со духот на Охридскиот договор и заштитните механизми за еднаква претставеност на сите етнички заедници. Ние веруваме дека отстранувањето на Албанците од клучните институции не е само неправда кон нашата заедница, туку и закана за стабилноста и меѓуетничката хармонија во Северна Македонија. Оваа постапка не само што ги маргинализира Албанците, туку и ја оштетува демократската структура и социјалната кохезија на државата“ се вели во партиското соопштение.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING