Го потпишав решението за исплата на еднократна парична помош од 20.000 денари на корисници на посебен додаток и надоместок за попреченост евидентирани при ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип.
Денес, 126 наши сограѓани ќе ги добијат овие средства на своите сметки, односно 2.5 милиони денари од буџетот на општината, кои се предвидени во Програмата за социјална заштита на општина Пробиштип за 2024 година, а се доделуваат по повод празникот на градот 28-ми Август – Успение на пресвета Богородица.
Општина Пробиштип продолжува да работи за подобри услови за сите граѓани.