Разводот на Драгана и Тони не оди во посакуваната насока.
Драгана Мирковиќ во март објави дека се разведува по повеќе од две децении брак, а од тој момент разводот на Драгана и Тони стана главна тема на сите медиуми.
Но ако помисливте дека разводот на фолк-пејачката завршил мирно, дека имотот е поделен за да бидат задоволни двете страни, се излажавте, бидејќи судејќи по зборовите на нејзината пријателка Јелена Карлеуша – не е така.
Имено, Јелена беше гостинка во утринската програма на Првата телевизија каде што зборуваше за разводот со Душко, па во тој контекст ја спомена и Драгана, која ѝ се јавила по завршувањето на бракот. Пред да открие некои работи од животот на Мирковиќ, Карлеуша изјави дека се надева дека нема да ѝ се налути што јавно го кажала тоа.
Драгана поминува низ грозен развод, ми се јави и ми рече дека имам среќа со Душко, бидејќи целиот заеднички имот е префрлен на нашите деца. Реков, како инаку, еден ден нас ќе не нема, тие ќе останат – откри Јелена.
Поврзани објави
Ова беше изненадување за сите, бидејќи се очекуваше Тони најголемиот дел од богатството да ѝ го остави на Драгана, бидејќи речиси целото нивно богатство е стекнато за време на бракот. А, покрај тоа, и самиот Тони претходно призна дека сè што поседуваат оди кај неговата сопруга.
Нивното богатство се проценува на сто милиони, а кога претходно го прашаа Тони зошто сиот имот ѝ го префрлил на сопругата, бизнисменот само кратко одговори:
Затоа што сакав!
Затоа се очекуваше бизнисменот да биде галантен во текот на бракоразводната постапка, но се чини дека не е така.
Фото: Printscreen Instagram @dragana_mirkovic