Почетна Убавина и здравје Домашен сок од цреши без конзерванси! – Убавина и здравје

Домашен сок од цреши без конзерванси! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



Малку кисел, а сепак сладок и полн со витамин Ц – сокот од црешни го сакаат и децата и возрасните.

Црешите се исклучително здрави поради нивното богатство со антиоксиданси, особено антоцијани кои можат да го намалат воспалението и ризикот од хронични заболувања. Содржат и витамин Ц, калиум, влакна и мелатонин, кои придонесуваат за зајакнување на имунолошкиот систем, здравјето на срцето и подобар сон.

Како да направите домашен сок од цреши без конзерванси?


Поврзани објави

Состојки:

5 кг цреши
5 кг шеќер
50 гр. лимунтус
3 литри вода
1 до 2 ванилин шеќер

Подготовка:

Измијте ги црешите и отстранете ги стебленцата.
Се мешаат црешите со сок од лимон, шеќер и вода и се остава на ладно и темно место 24 часа. Во овој период, често мешајте ја смесата за да се раствори целиот шеќер. Кога ќе се растопи шеќерот, исцедете ги црешите за да се ослободи сокот
По 24 часа, време е да се пасира сокот. Додадете два ванилин шеќери и измешајте.
Сварете го сокот. Кога ќе забележите дека е блиску до вриење, намалете ја топлината за да не зоврие. Доволно е да се динста од 3 до 5 минути, по што го тргате од шпоретот.
Сокот истурете го во шишиња кои се стерилизирани и загреани на 100 степени во рерната.
Кога ќе ги наполните сите шишиња, наредете ги и загрејте ги. Оставете го сокот да се излади природно 2-3 дена. После тоа е подготвен за употреба.


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING