Почетна Свет Дождот покрај на Галичица го изгасна и пожарот во НП Преспа во Општина Пустец (ВИДЕО)

Дождот покрај на Галичица го изгасна и пожарот во НП Преспа во Општина Пустец (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за

По 12 дена изгаснат е пожарот во Националниот парк Преспа општина Пустец, Мала Преспа, објави на Фејсбук Нертил Јоле, префект на округот Корча, каде територијално припаѓа и општина Пустец.

„Панорама од нашата Преспа со прекрасна природа, по 12 дена пожари и борба со нив, што овозможи да се локализира пожарот. Во моментов ситуацијата е многу мирна, бидејќи во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта имаше врнежи од дожд и пад на температурата“, напиша Јоле.

Наведува дека според прогнозата на Воената метеоролошка служба и утре ќе има врнежи од дожд па нема опасност од повторно разгорување.

„Сепак,  следните денови од администрацијата на Регионалната агенција за заштитени подрачја како и од службата на општина Пустец, ќе има мониторинг на терен за обезбедување“, стои во објавата.

Тој упати апел до граѓаните да бидат внимателни за да не се уништува и да се заштити природното богатство.

Во пожарот беа уништени над 300 хектари.

Јоле пред три дена објави видео од гаснењето на пожарот со помош на романски авион.

Извор : vesnik-ilinden.com

Дождот покрај на Галичица го изгасна и пожарот во НП Преспа во Општина Пустец (ВИДЕО)

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING